17:39 - 10 ноември, 2026

Брус Вилис пак ќе го гледаме во нови филмови и реклами: актерот ги продаде правата за свој дигитален двојник кој верно го претставува

Актерот Брус Вилис, кој претходно најави дека се пензионира поради афазија, може да се врати на филмското платно, и и во рекламни спотови – тој ги продал правата за свој дигитален двојник технолошката компанија Дипкејк, пренесува The Telegraph.

Така, со помош на технологијата наречена дипфејк, дигиталната слика на актерот може да се користи за филмови и реклами. Брус Вилис стана првата холивудска ѕвезда која ги продаде правата на својот дигитален двојник. Во исто време, технологијата веќе е користена во спин-офот на Star Wars.

Актерот ја донесе одлуката откако неговиот дигитален двојник се појави во една од рекламите – Вилис истакна дека „навистина му се допаѓа точноста со која е претставен неговиот лик“.

Тој ја нарече работата на неговиот дигитален двојник „ново и интересно искуство“.

Во март, семејството на Брус Вилис објави дека на актерот му било дијагностицирано тешко нарушување на говорот, афазија. Болеста може да се појави по мозочен удар или повреда на главата. Со афазија се засегнати јазичните способности, се одразува преку отежнат говор, невозможност за читање, пишување и отежнато разбирање.

По објавувањето на дијагнозата, Вилис доби поддршка од најблиските – неговата сопруга Ема Хеминг, од која актерот има две ќерки, како и од поранешната сопруга Деми Мур. По разделбата, Брус Вилис и Деми Мур одржуваат пријателски односи, а имаат три ќерки: Румер, Скаут и Талула.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....