17:59 - 10 ноември, 2026

(Фото) 76-годишната Шер ги урна модните бариери, суперзгодна на ревијата на Балман

Синоќа во рамки на Париската модна недела се одржа ревија на новата колекција на Balmain. Главната ѕвезда на модната ревија, на која беа прикажани повеќе од 100 модели, беше 76-годишната Шер. На почетокот јавноста ја виде како холограм, а на крајот од шоуто пејачката се качи на подиумот заедно со дизајнерот Оливие Рустинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ambra Vernuccio (@ambravernuccio)

Шер се појави облечена во светкаво боди – изгледот потсетуваше на ажурирана верзија на нејзиниот сценски костим од видеото If I Could Turn Back Time.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicolas Rahhal (@hautecoutureglobal)

Публиката остана фасцинирана од изгледот на Шер со оглед на нејзината возраст. Така, таа уште еднаш ги помести модните ограничувања во однос на возраста покажувајќи дека и на 76 години може добро да ви стојат тесни кожени панталони, но и дека може да носите младешки чизми со висока платформа.

Бариери се исклучиво во главите.

Инаку, модната ревија се одржа на стадион, во живо ја следеа околу илјада поканети гости (на седиштата) и уште околу шест илјади посетители со билети „за стоење“.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....