5.8 C
Скопје
07:31 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Врнежи од снег и во Скопје, проверете кога!

– Како што најавивме, и во следните денови ќе продолжи променливото време со повремени врнежи претежно од снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Снежната покривкана планинските и повисоките места и понатаму ќе се зголемува, додека нова ќе се формира и на некои пониски места, а таму каде што ќе ја има истата ќе се зголемува. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени, додека во најтоплите предели истите можно е да се искачат и малку над 10 степени и тоа особено во понеделник – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во следнит период ќе има повремени врнежи од дожд и снег, и истите повремено ќе преминуваат само во снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 7 степени , додека во текот на следната недела истите ќе бележат тенденција на понатамошен пад. Во текот на следните утрини, минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....