01:02 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Топење на снегот, високи температури, проверете кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Нешто повеќе облачност ќе има во западните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, особено изразен во западните предели. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.
Според Попоски, од утре па натаму следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец. Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и во почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
НАПОМЕНА: Поради релативно топлото време и високите температури на воздухот, во текот на следниот период се очекува топење на снежната покривка на повисоките места и на планините.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....