16:09 - 25 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Радувајте му се на сонцето, еве кога!

– Утре ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Наутро ќе биде сеуште студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени. Повеќе облачност ќе имаме за време на викендот, кога поради јужното воздушно струење и температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски од недела па натаму ќе има појава и на повремени локални врнежи од дожд.

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност, додека за време на викендот ќе има нешто повеќе облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 7 степени.

Слични објави

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.

Швајнштајгер ќе ѝ плаќа алиментација од вртоглави 45.000 евра месечно за синовите на Ана Ивановиќ

Еспресо

Гоца Тржан открива детали за концертите и хонорарите: „Менаџерската работа би ѝ ја препуштила на Лена“

Е.А.

(Фото) Лила Филиповска ужива во празничната магија на Париз — ноќно крстарење по Сена и божиќни светилки на Шанзелизе

К.С.

Николина Пишек доживеала сообраќајна незгода во Хрватска: „Се обиде да ми го одземе телефонот и побегна, беше видливо пијан“

Е.А.
Се вчитува....