11:37 - 5 декември, 2025

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Нова снежна покривка на некои пониски места, еве кога и каде

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повеќе облачност и особено во западните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, што значи истите ќе бележат тенденицја на поголем пораст – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала, а кон крајот на денот и во текот на ноќта и со позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападеен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.
Според Попоски, утре ќе се задржи претежно стабиолно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека нов влажен воздушен бран нашата територија ќе ја зафати во понеделник и тоа особено попладне и кон крајот на денот, како и во текот на ноќта кон вторник и истиот во најголем дел ќе услови нови врнежи од дожд и од снег. Нова снежна покривка ќе се формира и нанекои пониски места, додека на планините истата ќе се зголемува, а ќе започне да дува и засилен, повремено на некои места и СИЛЕН ветер од северен правец. Услови за локално провејување на снег ќе има и во вторник, додека од среда па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво.
Температурите утре и во понеделник ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека пониски температури и тоа поради северниот ветер ќе имаме во вторник и истите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека наутро повторно на некои места температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени. Од среда па натаму повторно се очекува пораст на температурите на воздухот.

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....