12:52 - 7 јули, 2026

Принцот Хари се пожали на стресниот живот и ги разбесни твитерџиите: „Живее во своето привилегирано балонче“

меган маркл, принц хари

Принцот Хари по раѓањето на ќерката Лилибет отсуствувал од работа пет месеци, а се пожалил и дека поради големиот обем на обврски што ги има често има чувство на „прегорување“, пишува The Sun.

Тој се пожали на ова за време на интервју за старт-ап компанијата „BetterUp“. Заедно со него во разговорот учествуваа и американската тенисерка Серена Вилијамс, која е и најдобра пријателка на неговата сопруга Меган Маркл.

Кога дојдоа до темата за вработените и нивните шефови, заклучија дека шефовите треба да им дадат барем 15 минути целосен одмор во текот на денот.

„И јас доживувам исцрпеност, а кога тоа ќе ви се случи, принудени сте да погледнете во себе“, рече принцот.

Тој рече дека и покрај неговиот „привилегиран“ живот, понекогаш не може да ужива во него поради обемот на стрес што го доживува. Затоа, вели тој, научил да работи на себе одвнатре.

– Менталната кондиција е врв на нашите животи. Тоа е она кон што треба да се стремиме. Патот до тоа може да биде навистина тежок, па со причина се нарекува внатрешна работа, во која само ние имаме увид – објасни тој.

Рече дека во тоа му помага секојдневната медитација, но и позитивниот начин на размислување.

– Знам дека треба да медитирам секој ден, денес потрошив околу половина час на тоа, а инаку медитирам 45 минути наутро кога едното дете оди во градинка, а другото уште спие. Тоа е совршен тренинг за умот“, рече Хари.

Сепак, неговиот разговор не беше толку мотивирачки за некои, како што се надеваше принцот, пишува Page Six.

– Хари вели дека глобалната визија за свеста би се променила доколку сите работат на внатрешното нас. Боже! – напиша на Твитер Анџела Левин, кралскиот биограф.

„Принцот Хари живее во своето привилегирано балонче без никакво разбирање за тоа како функционира реалниот свет“, рече Сузан Хол, политичарка од Лондон.

„Хари нема ништо друго освен „своето време“ и сè уште изгледа целосно несреќно“, вели колумнистот Ник Тимоти.

Слични објави

(Фото) „Растуривте!“: Милош Биковиќ се забавуваше со сопругата Ивана на рејв на зајдисонце

Еспресо

(Фото) Маја Шупут замина на луксузна летна дестинација – откако раскина со 19 години помладиот дечко, го живее животот со полни гради

Еспресо

Љубовницата на Швајнштајер не ѝ дава на Ана ниту цент: Бугарката Силва го притиска фудбалерот да ѝ ги земе сите пари на Ивановиќ на суд

Еспресо

(Фото) Villa Diva – елегантна оаза за свадби, прослави и настани за паметење

Еспресо

(Фото) Здравко Чолиќ ужива со ќерката Лара на јахта! Таа цврсто го прегрнува, семеен момент што ги разнежи сите

Еспресо

Оваа жена му беше најголемата љубов на Владо Јаневски

Еспресо
Се вчитува....