23:44 - 13 април, 2026

Славчо Попоски прогнозира: Многу топло, до 35 степени, проверете кога!

– Утре како што и претходно најавивме ќе се задржи посвежото време, а особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 2 до 10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така од утре до сабота времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а услови за попладневна локална нестабилност повторно ќе има во недела. Што се однесува до температурите, тие од петок па за време на викендот, повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре во нашата држава, и максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Температурите повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа особено за време на викендот. Максималните дневни температури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Џастин Бибер направи хаос на „Коачела“ – за 10 милиони долари пушташе музика на лаптоп!

Т.Ц.

(Фото) Ана Николиќ со ќерката и Рале отишле во манастир: Стајлингот на пејачката предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

apostolova

(Фото) Лазар Ристовски и Аница Лазиќ во романтична велигденска идила: Пловат со брод и разменуваат нежности

Еспресо

Данијела Мартиновиќ ја отвори душата: „Животот нè учи да го препознаеме она што е важно“

Т.Ц.

(Фото) Драгана Мирковиќ во „мустанг“ од 85.000 евра ужива на висока нога во срцето на пустината во Невада

Т.Ц.

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо
Се вчитува....