7.8 C
Скопје
19:47 - 30 март, 2026

Славчо Попоски најавува врнежи и многу променливо време, еве кога

– Стабилното и суво време во нашата држава нема многу долго да се задржи. Веќе утре и во среда во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд со слаб интензитет. Повремени врнежи од дожд на повеќе места ќе има во четврток.

Токму од четврток влегуваме во период со МНОГУ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ. Барем според сегашните анализи ќе бидеме под влијание на серија на влажни воздушни бранови од запад кој повремено ќе условуваат ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд.

Повремено на повисоките планини ќе има и врнежи од СНЕГ, а овие денови ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, наутро пак истите веќе од среда ќе бидат насекаде над нулата. Во Скопскиот регион исто така од четврток се очекуваат повремени врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени, вели метеопрогнозерот Попоски.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....