13:02 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Утре локални врнежи претежно од снег, еве каде!

– Како што веќе најавивме, утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно со локални врнежи претежно од снег, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд или од дожд и снег. Ќе биде и студено, а ќе дува и умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за слабо проврнување на дожд и снег. Температурата ќе се искачи до околу 5 степени.
Според Попоски, потоа, во следните денови под влијание на студена воздушна маса од север, времето ќе се задржи променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Локално ќе има услови за сосема слабо провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Слични објави

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.
Се вчитува....