06:24 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Студен бран доаѓа, проверете кога!

– Како што најавивме утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Веќе од петок, па за време на викендот, и тоа поради спуштање на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени локални послаби врнежи претежно од снег, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат дури и до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени- вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи релативно топло време со максимална температура до околу 13 степени. Пад на истите се очекува од петок па за време на викендот, кога ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Времето ќе биде променливо облачно со услови за локално проврнување на дожд и на снег. Минималните температури особено за викендот ќе бележат тенденција на пад и ќе се спуштаат до околу -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат помеѓу 6 и 7 степени.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....