14.8 C
Скопје
22:22 - 28 април, 2024

РАЗГОВОР СО ШЛАПАТАЛО – Борче Стаменов: Не сум галамџија, но доста сум гласен кога сакам да ги истакнам неправдите и нееднаквоста!

Над 6 години граѓански активизам. Над 2000 вклучени поединци. Над 50 вклучени волонтери. Над 50 компании соработници. Над 30 здруженија соработници. Над 2.000 пристигнати компјутери. Над 1.500 компјутери оспособени за работа. Над 1.500 усреќени семејства. Над 30 добиени благодарници, признанија и награди. Над 250.000 евра донирани во добра и услуги! Вака накратко изгледа приказната на Борче Стаменов со иницијативата „Донирај компјутер“ која се раскажува со 6 годишни продолженија.

Големата сиромаштија во која живеат голем број наши сограѓани беше еден од предизвиците на кои решив на некој начин да одговорам на мој начин. Фото – приватна архива

Да почнеме од почеток…Од каде се роди идејата да почнеш да собираш расипани лаптопи и компјутери, да ги поправиш и да создадеш функционални и потоа да им ги праќаш на оние на кои им е најпотребно?

– „Донирај компјутер“ започна сосема случајно. Може да се каже дека започна како директен одговор на целава ситуација во која Македонија се наоѓа од своето основање. Големата сиромаштија во која живеат голем број наши сограѓани беше еден од предизвиците на кои решив на некој начин да одговорам на мој начин. И се покажа не само како потребна туку и доста успешна иницијатива. Првите 20 компјутери се раздадоа по социјално загрозени семејства од Кавадарци. Потоа дојде креирањето на ФБ страната Донирај компјутер која е главна комуникациска алтка како со тие што сакаат да донираат, така и со оние кои сакаат да се пријават да добијат компјутер. Процесот за пријавување можам да кажам дека е доста едноставен. Секој кој сака да се пријави должен е да ја потврди социјалната состојба на семејството со некој документ или потврда издадена од соодветна институција. Такви потврди може да бидат потврда за ниски примања, самохрани родители, невработеност и слично. Тие потврди се за наша интерна употреба и ги земаме само на увид. Така е од самиот почеток на иницијативата, така и ќе остане во иднина. Затоа Донирај Компјутер ужива огромна доверба како кај физичките, така и кај правните лица кои планираат да ја донираат својата опрема кај нас. Секој од нив знае дека нивната донација ќе замине на вистинско место. Доказ за тоа се бројните соработки со огромни имиња на нашиот пазар кои без сомнеж ја донираат нивната опрема.

Се сеќаваш ли на првиот дониран компјутер?

– Нормално. Тоа беше некаде декември 2016 година. Привршував со работните обрски кога на врата се појави некоја женичка која побара да не случајно имаме некој половен компјутер кој нејзините деца би можеле да го користат. И реков да се врати утре и веднаш извадив една машина која некој од нашите клиенти ја имаше оставено кога набавувал нова. Ја средив, ставив некоја игра и ја спремив за носење. Утредента дојде и заедно со неа отидовме кај нив дома. Им ја наместив на една маса и кога видов како некој се радува на отпад буквално, помислив дека ова и можеби не е така лоша идеја. Во трошното станче се роди Донирај компјутер. Од тој ден до денес немам престанато да работам на добивање, поправање и испраќање на донации низ цела држава. Пред некој ден со тимот (Милачески Дејан, Коцев Жике и Ризов Драган) симболично со мало тортуле го прославивме испраќањето на 1.500-от компјутер.

Фото – приватна архива
Според МОН има уште 38.500 семејства кои немаат ИТ уред за да следат настава. Фото – приватна архива

Дигиталната настава беше невозможна мисија особено за сиромашните, но ти тоа го промени за голем број на семејства. Како се справи ти и твојот тим за време на пандемијата со испорака на компјутерите?

– Работевме колку што ни дозволуваа условите. Имаше денови кога заборававме дека треба да се прибереме затоа што почнуваше карантин, буквално сме трчале до дома. Задачата беше да се средат и испорачаат што е можно поголем број на компјутери за да не страда образованието кај нашата целна група, а тоа се социјално загрозените семејства. Побарувачката беше страшно голема. Моравме да ги исклучуваме пораките на фан-страницата за да стигнеме секаде на време и никој да не чека подолго од една недела за да добие функционален компјутер. Огромна помош при испоракта имавме од карго службата Еко Логистик, сервис кои сите наши донации бесплатно ги доставуваат до крајните корисници. Таа соработка уште трае.

Препознатлив во родното Кавадарци, Македонија но и пошироко. Дали некогаш ти пречи популарноста, јавноста, ти недостасува ли приватноста понекогаш? Дали има разлика помеѓу Борче на улицата, Борче дома и Борче на социјални мрежи?

– Не можам да кажам дека добив некоја голема популарност или барем јас така мислам. Зголемен е бројот на интервјуа и гостувања кадешто ја промовирам на некој начин нашата иницијтива со надеж дека уште поголем број луѓе ќе се инспирираат и ќе се вклучат со свој придонес. Според МОН има уште 38.500 семејства кои немаат ИТ уред за да следат настава. Се надеваме дека наскоро ќе се стави крај на пандемијата и децата ќе можат да се вратат во училишните клупи кади и припаѓаат. Сепак, кога и да дојде тој ден јас останувам на ставот дека компјутерот во денешно време не е луксуз, туку потреба за да може да се има еднакво и квалитетно образвание. Инаку Борче е Борче, без разлика каде ќе го сретнете. По природа не сум некој галамџија, но сум доста гласен кога сакам да ги истакнам неправдите и нееднаквоста во општеството во коe живееме. Тие што ме познаваат воопшо не ме ни гледаат како популарен ниту сакам така да ме доживуваат.

Неодамна на твојот блог сподели една твоја лична исповед за период во животот кога си се соочил со здравствен проблем. На 3 март славиш втор роденден…Кои се важните датуми во твојот живот?

– Тој период од мојот живот со борбата со тешка болест за среќа остана позади мене. Нормално, тоа не се заборава. Како и сè друго што ми се случило го прифаќам како дел од животот. За мене како атеист не постојат празници, но ги почитувам луѓето кои си ги слават. Од празници, мои и на други луѓе, славам и честитам само родендени. Тоа се датумите кои ми се важни. Можам да кажам дека вториот роденден ми е поважен од првиот и кревам повеќе галама. Тоа е денот кога извојував победа на туморот кој ми беше дијагностициран и благодарение на одличен тим на доктори (Шадман Мести, Јовица Угриновски, Бранко Блажевски, Марина Каровска и други) успешно беше отстранет засекогаш. Друг важен датум е почетокот на Донирај компјутер.

Преку иницијативата „Донирај компјутер“ се запозна како функционира системот во Македонија, но и Македонците како народ. Што недостасува во образовниот систем кај нас? Дали сме 100% хуман народ или има и такви кои сакаат да профитираат и од акциите со хуман карактер?

– Искрено јас уште не знам дали функционира системот? Да функционираше немаше да има никаква потреба од иницијативи како мојава или слични. Само знам дека се потребни огромни реформи во образовниот систем. Можеби и се прават, но сè тоа оди ужасно бавно. Земете за пример само дека во Македонија има училишта кои немаат саниратен јазол. Или таму кај што го има, нема никави хигиенски услови. Тука не го обвинувам само системот, нашата култура е на доста ниско ниво кога треба да го зачуваме и тоа малку што некој се потрудил да го изгради. За тоа дали сме хуман народ говорат нашите постигнати бројки и луѓе кои активно се вклучуваат во тие акции. Ние сме хуман народ. Знаеме да помогнеме кога некаде затребува помош. Но голем е и бројот на такви кои сакаат со измама да добијат нешто кое ниту им е потребно ниту го заслужуваат. Среќа е што јас сум ужасно педантен кога се работи за проверка кој кога се пријавил и што добил. Имам до сега сретнато луѓе кои пробаат да земат и втор компјутер иако нашата иницијатива е создадена пред сè секое семејтво да има барем уред за почеток. Има и такви кои се противат на нашите услови кои се сосема оправдани, истите се од самиот почеток на иницијативата и нема да се променат. Тие услови ни го донесоа епитетот транспарентна иницијатива на која може да и се верува.

Над 30 добиени благодарници, признанија и награди. Колку оваа бројка те мотивира да продолжиш понатаму?

– Сите тие награди, признанија и благоданици секојдневно нè потсетуваат дека работиме нешто убаво. Уште поубаво е кога доаѓаат и од надвор од границите на Македонија. Тоа многу говори за Донирај компјутер. Ваква иницијатива со вакви бројки постигнати прво од поединец, а потоа и од мал тим на луѓе кои работат комплетно без никакви финасии, нема да сретнете никаде во светот. Ние и со награди и без награди сè уште ќе го работиме ова. Наградите ни се споредна работа, важно ни е да покриеме што е можно поголем број на семјества за и нивните деца да можат да имаат еднакво и квалитетно образование.

Наградите ни се споредна работа, важно ни е да покриеме што е можно поголем број на семјества за и нивните деца да можат да имаат еднакво и квалитетно образование. Фото – приватна архива
Фото – приватна архива

Дали постоел момент во овие 6 години кога си бил во двоумење дали да продолжиш или да престанеш со тоа што го правиш?

– Да престанам не, но имало моменти кога сум бил разочаран од однесувањето на некои луѓе што искрено не се ни потрудиле да разберат што работиме и зошто го работиме ова. Верувам дека постои и одредена љубомора кога некој гледа дека некој човек комплетно без да потроши еден денар успеал да донесе среќа во 1.500 семејства. На почеток доста ми пречеа таквите зајадливи коментари, после некое време сфатив дека се комплетно неважни. Не се ни трудев да одговарам на коментари од луѓе кои немало што да работат во 23 часот навечер, па решиле на тој начин да си го исполнат времето. Едноставно е, ако можете подобро, повелете. Ако не, тргнете се од патот на тој кој може навистина да донесе промена во општеството. И да, не бара апсолутно ништо за возврат.

Што е она што го имаш поставено како цели во 2022 година?

– Јас сум човек што не сака да планира многу нанапред. Гледам проблем и се фокусирам на негово решавање сега, веднаш. Оваа 2022 година тимот го проширивме со уште 3-4 лица кои ќе бидат одговорни за маркетинг. Имаме човек посебно за секоја социјална мрежа каде имаме наши профили. Почнавме некои проекти за кои чекаме известување дали ќе бидат одобрени или не. Спремаме наша канцеларија каде јас и волонтерите ќе можеме непречено да функционираме. Добивме многу понуди за соработки со големи имиња од Македонија. Со нивна помош ќе пораснеме уште поголеми. Ќе имаме редовен доток да донации, а со тоа и уште поголем број на усреќени семејства. Во духот на транспаретноста за сите овие наши активности медиумите редовно ќе бидат известувани преку нашите профили на социјалните медиуми и се разбира преку нашата веб страница.

Фото – приватна архива

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....