08:05 - 7 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Прекрасно време, сонце, убавина! Еве кога!

– Како што најавивме, утре и во сабота времето ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат РАНО ЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Нов влажен и постуден воздушен бран од северозапад се очекува во недела, и истиот ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините а ќе дува и засилен ветер од северозападен правец, додека температурите на воздухот позначително ќе опаднат, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Нова стабилизација на времето се очекува на самиот почеток од следната недела. И во Скопскиот регион утре и во сабота времето ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 21 и 24 степени, а позначителен пад на истите се очекува во недела кога ќе има нови повремени врнежи од дожд, проследени со засилен северозападен ветер. Повторна стабилизација на времето ќе има уште од самиот почеток на следната недела.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....