08:26 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Нов влажен бран од запад, еве кога!

– Како што најавивме, утре и тоа особено претпладне и во северните предели ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Дневните температури повторно ќе бележат тенденција на пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, во недела и во понеделник ќе имаме претежно стабилно ,суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Наутро повторно ќе биде студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.
Нов влажен бран од запад се очекува во вторник и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег.
И во Скопскиот регион во следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Особено утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека нов влажен бран со врнежи од дожд и од снег се очекува во вторник. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени.

Слични објави

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova
Се вчитува....