09:00 - 12 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Нè очекува ЛЕТНО време, еве кога!

– Како што претходно најавивме, за време на викендот, односно утре ќе се заджи променливо облачно со сончеви периоди а ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа за време на Воскресението Христово – Велигден ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност. Во почетокот од следната недела, односно во понеделник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во следните денови исто така ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, и истиот повремено на некои места ќе биде засилен на интензитет. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, а особено топло ќе биде за Велигден кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до 30 степени.
– И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и се потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 25 степени. Уживајте за Велигден со кого и да сте, каде и да сте и тоа поради тоа што нè очекува ЛЕТНО време! – заклучува Попоски.

Слични објави

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо
Се вчитува....