22.8 C
Скопје
16:23 - 2 мај, 2024

(ВИДЕО) СОВЕТ – да го преживеете ТАЈСОН: „Еј идиоти, во иднина, еве како да останете живи кога ќе налетате на Мајк Тајсон во авион“

Неколку часа откако Мајк Тајсон нападна патник во авион, се појави видео проследено со коментари, односно „совети“ како да останете живи кога ќе го сретнете „во лет“…

Мајк Тајсон повторно е во очи на јавноста по она што се случи во средата навечер, кога во авионот кој полетуваше од Сан Франциско удри патник кој седеше директно зад него. Дотичниот човек – видно вознемирен и не многу интелигентен – прво побарал селфи од 55-годишниот боксер, а потоа почнал да му пречи откако седнал на неговото место, наведнувајќи се напред и непрекинато шепотејќи му на уво.

Да речеме дека има подобри стратегии да се спријателиме со Тајсон, но ете. На почетокот се правел дека не го забележува но одеднаш поранешниот шампион во тешка категорија стана и му удри серија тупаници на дечкото кој го вознемируваше.

„Еј Мајк, Мајк! Ајде!“, рекол друг патник кој интервенирал за да го спречи бесот на боксерот.

Сето тоа е документирано во видео кое стана вирално, исто како и раните на лицето на човекот, кој се вртел кон мобилниот телефон со разочаран израз на лицето.

Сцената завршила со тоа што Тајсон речиси веднаш бил симнат од авионот, додека човекот кој му пречел добил медицинска помош поради малата повреда, а потоа го однеле во полициската канцеларија.

Претставниците на Ајрон Мајк подоцна тврделе дека човекот кој бил удрен од Тајсон бил пијан, „агресивен“ и го малтретирал поранешниот боксер.

Во официјалното соопштение што беше објавено се вели дека „за жал господинот Тајсон доживеал несреќа на лет со агресивен патник кој почнал да го малтретира и му фрлил шише со вода додека бил на своето место“.

Тајсон требал да присуствува на настан со боречката легенда Рик Флер, но организаторите подоцна објавија дека настапот на боксерот е откажан „поради промена на летот“. Полициската управа во Сан Франциско подоцна соопшти дека две лица биле сослушани како сведоци за тоа што се случило во авионот, и дека лицето кое било повредено „даде минимални детали за инцидентот и одби да соработува понатаму со полициската истрага“.

Но, Дејна Вајт ја презеде топката да го каже своето мислење за приказната. Дејна е претседател на Ултимејт Фајтинг Шампионшип. Вајт е долгогодишен пријател на Тајсон, а тој на Инстаграм објави старо видео на кое двајцата поставиле завеса во авион.

На видеото, боксерот од Бруклин се гледа како го удира Вајт по рамото за да го натера да стане и да седне на своето место: Дејна се трга настрана,дозволувајќи му на Мајк да се смести каде што сака.

Токму ова видео сега е хит на социјалните мрежи, по актуелниот настан во Сан Франциско, со промотивен натпис на „туторијалот“: „Еј идиоти, во иднината, еве како да останете живи кога ќе налетате на Мајк Тајсон во авион“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dana White (@danawhite)

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....