16.8 C
Скопје
12:57 - 3 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Многу сонце, па пак дождови, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источните предели. Повеќе облачност ќе има во западните предели каде ќе има повремени локални послаби врнежи од дожд и од снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Во текот на ноќта услови за провејување на снег ќе има и во северните предели. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 7 степени. Потоа утре претпладне сеуште ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
– Во среда и во четврток претпладне ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека нов влажен и студен бран се очекува во четврток попладне и во петок и истиот ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека наутро истите насекаде ќе се спуштаат под нулата и ќе се движат во интервалот од -9 до -1 степен – заклучува Попоски. 

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ сподели радосна вест: Малата Арија наполни шест месеци

Еспресо

(Фото) „Носам исти гаќи седум дена“: Дарко и Катарина Лазиќ се заробени на Малдивите, пејачот мора рачно да пере алишта

Еспресо

Катарина Грујиќ мирот го пронајде во светилиштата на Косово и Метохија: „Постот е благослов“

Еспресо

Ново огласување на Јелена Томашевиќ: Ја откри својата дијагноза и како се чувствува

Еспресо

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

Дневен хороскоп за 3 март: Не донесувајте избрзани одлуки

apostolova
Се вчитува....