21:42 - 6 ноември, 2026

КАНЈЕ ЈА ОБВИНИ КИМ ДЕКА НЕ МУ ДАВА ДА ГИ ВИДИ ДЕЦАТА: Раперот го обвини новото момче на старлетата!

Нов испад на раперот Канје Вест. Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан му се налути на својот поранешен сопруг, раперот Канје Вест, бидејќи изјавил дека таа не му дозволува да ги гледа нивните четири деца, ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм.

Ким пак, е во врска со Пит Дејвидсон, а Канје тврди дека обезбедувањето му забранило да влезе во вилата на Кардашијан со неговата ќерка, бидејќи таму било нејзиното момче.

-Норт нешто сакаше да ми покаже во куќата, но обезбедувањето рече дека „тато не може да влезе“, но не ја дефинирале причината. Не сакав да се карам со нив поради тоа – рекол раперот во интервју за Hollywood Unlocked.

– Слушам дека има ново момче во куќата во која јас не можам ни да влезам. Нешто нема да биде помеѓу мене и моите деца, а моите деца нема да бидат на ТикТок без моја дозвола – изјавил Канје.

Ким е повредена и лута поради изјавите на Канје во интервјуто, а извор близок до неа тврди дека раперот може да си ги гледа децата.

-Пит допрва треба да ги запознае децата, познато е дека секогаш кога ќе го посети Лос Анџелес, тој престојува во хотел на Беверли Хилс, каде што Ким беше видена со него, изјави за Шејџ Сикс извор близок на Кардашијан.

– Канје никогаш не бил лишен од гледање на децата! Приказната што тој се обидува да ја започне е лажна и штетна за децата како и за нивниот родителски однос. Ништо не му стои на неговиот пат ниту на патот на неговите деца – додал изворот.

 

 

 

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....