14:52 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Минус 15 во градовите, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со повремени локални послаби врнежи претежно од снег, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.
Според Попоски, од утре претпладне се уште ќе има услови за слабо и локално провејување на снег, додека од четврток па натаму ќе има стабилизирање на времето. Ќе продолжи да дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите пак ќе бидат особено ниски и минималните во четврток и во петок понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 6 степени. Малку потопло време ќе имаме за време на викендот, кога особено максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....