11.8 C
Скопје
09:52 - 13 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Искористете го сонцето и високите температури до 15 степени, еве до кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена, локално и позначителна облачност. Во вечерните часови, како и во текот на ноќта во североисточните и во источните предели ќе има појава на локален дожд и снег на планините. Ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во текот на ноќта ќе има повеќе облачност и ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Според Попоски утре ќе се задржи променливо облачно и сеуште релативно топло време со повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Веќе од петок па за време на викендот и тоа поради спуштање на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени послаби врнежи претежно од снег, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните за време на викендот понекаде ќе се спуштаат дури и до околу -10 степени, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Слични објави

Колку јајца смееме да јадеме дневно и неделно? Еве што велат најновите истражувања за холестеролот

К.С.

(Фото) Тамара Тодевска и Лука Радовиќ за првпат во улога на кумови — во елегантни изданија блеснаа на свадбена прослава

К.С.

Четири хороскопски знаци ги очекуваат големи промени до крајот на октомври — нови можности во љубовта, работата и финансиите

К.С.

(Фото) Ханка Палдум ги изненади следбениците со новиот изглед: Изгледа многу помладо

Еспресо

(Видео) Мајмун ѝ го украде појадокот на Јована Пајиќ на Бали: Снимката ги насмеа сите

apostolova

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо
Се вчитува....