13:34 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Еве кога ќе блесне сонце погодно за прошетки!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег, а ќе дува и умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди со услови за локално провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Според Попоски, за време на викендот времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, и тоа подолги во недела. Утре се уште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Што се однесува до температурите, тие се уште ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ за овој период од годината и минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, и понекаде истите се очекува да се спуштат до околу -15 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.

Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник па натаму, кога и времето ќе биде претежно сончево.

Слични објави

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.
Се вчитува....