17:37 - 5 декември, 2025

Сите зборуваа за аферата на Душко Тошиќ и Софија Шашиќ: Дизајнерката за првпат проговори за врската со сопругот на Карлеуша

Своевремено Софија Шашиќ, ќерката на пејачот Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ, ја поврзуваа со Душко Тошиќ, кога медиумите пишуваа дека тие се повеќе од пријатели.

Пред повеќе од година и половина, сопругот на Јелена Карлеуша и Софија Шашиќ вечерта ја поминале во исто друштво, а доказ за тоа биле фотографиите кои стигнале до медиумите.

Младата дизајнерка, која на почетокот на кариерата добиваше исклучителна медиумска поддршка од Карлеуша, се најде во мрак кога сè стана јавно, иако тогаш не сакаше да зборува за тоа.

Таа за првпат неодамна во емисијата „Експлозија“ ја откри вистината за врската со поранешниот фудбалер и менаџер, татко на две девојчиња и сопруг на нејзината пријателка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofija Sasic (@sofiijavu_)

На прашањето дали има вистина во бројните наслови дека имала афера со спортистот, Софија одговори: „Имаме заеднички пријатели и случајно се најдовме заедно, како што велам, на погрешно место во погрешно време“.

За денешниот однос со фудбалерот, таа изјавила:

– Се среќаваме, добри сме и сѐ тоа, но никому не би му посакала такво нешто, јас на моја возраст, а тој на негова, тој беше оженет и имаше две деца, а јас девојка со живот пред себе – одговори Софија, која потоа сакаше да ја разјасни ситуацијата со Јелена Карлеуша, која ѝ беше пријателка и голема поддршка до аферата.

Наводно поради сѐ напишаното поп дивата ѝ се налутила на Софија.

– Не знам зошто се налути, можам да претпоставам, никогаш немавме прилика да разговараме за тоа, оттогаш не сме се ни сретнале. Не ме контактираше, разменивме неколку пораки и тоа беше тоа, а после тоа навистина има некоја дистанца, се надевам дека ќе помине, имаме многу познаници, и фризери и не би сакала да бидам во расправија поради такви глупости – рекла Софија.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....