10:46 - 27 ноември, 2026

Силен земјотрес од 7 степени на Филипини, (за сега) еден починат и најмалку пет повредени, големи штети во Абра, евакуирана болницата

Филипините се наоѓаат на таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“, област која апсорбира околу 90% од светската сеизмичка и вулканска активност и е погодена од околу 7.000 земјотреси годишно, повеќето од нив умерени.

Еден 25-годишен маж загина, а уште најмалку пет лица се повредени во земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди северниот дел на Филипините. Жртвата, според локалните власти, бил 25-годишен градежен работник кој бил заглавен во зграда во изградба која се урнала во моментот на земјотресот. Земјотресот се случил во градот Ла Тринидад, во провинцијата Бенге, 211 километри северно од Манила.

Пет лица се повредени од одрони на камења долж патот Кенон, пат кој го поврзува градот Багуио со Росарио во провинцијата Ла Унион, западно од Бенге. Земјотресот е регистриран во 8.43 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на градот Лагангиланг, во провинцијата Абра, 335 километри северно од Манила.

Земјотресот утрово го погоди северниот дел на островот Лузон, најнаселен на Филипините и каде се наоѓа главниот град.

Филипините се наоѓаат на таканаречениот „Пацифички огнен прстен“, област која апсорбира околу 90% од светската сеизмичка и вулканска активност и се погодени од околу 7.000 земјотреси годишно, од кои повеќето умерени.

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....