08:41 - 8 ноември, 2026

„Сигурна сум дека мојот сопруг гледа порнографија“: Гоца Тржан проговори за бракот со Раша

Српската пејачка Гоца Тржан вели дека интимните односи се најдобри кога жената ќе влезе во четириесеттите години. Имено, пејачката редовно отворено зборува на оваа тема пред камерите, а некои мислат дека Гоца претерува во изнесувањето на приватните работи и информации од својот живот во јавноста.

– На оваа возраст, мојот секс е подобар од кога било досега во мојот живот. Тоа го сфатив дури кога влегов во четириесеттите, а мислев дека нема да биде така. Порано се водев според тоа дека во кревет ќе бидам најдобра во моите дваесетти и триесетти. Откако сум во позрела возраст, не се осмелувам да имам секс на јавно место, но тоа го сакав кога бев помлада – рекла Гоца, а потоа додала:

– Не се впуштам во такви ризици, прво затоа што ќерка ми веќе порасна, а второ, не сакам да ме фатат. Со ќерка ми нормално зборувам за овие работи, затоа што мислам дека е важно, особено додека таа се развива. Родителите не се посветуваат на своите деца и во тоа лежи проблемот. Затоа имаме абортуси онолку колку што ги имаме. Раша вели дека не гледа порнографија, но верувам дека тоа го прави секој маж, без разлика дали е во брак или не. Тој тоа нема да го признае, но сигурна сум дека е така.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....