17.8 C
Скопје
22:35 - 29 септември, 2026

Што се знае за пожарот во трговскиот центар Мега Химки во Москва: Огромна материјална штета и еден загинат

Маж загинал во пожарот во трговскиот центар Мега Химки.

Порака за пожар во трговскиот центар Мега Химки во Москва, службите за итни случаи примиле утрото во 05:59 часот по моковско време (7.59 по мкедонско).

Во зградата на трговскиот комплекс се сместени хипермаркетот OBI, Auchan, Mega и десетици други продавници.Првите пожарникари пристигнале на местото на настанот во 6:19 часот наутро – 20 минути откако се вклучил алармот за пожар, „имало запален покрив“ на хипермаркетот.

Според прописите, времето на пристигнување на првата единица до местото на јавување во урбаните населби и градските квартови не треба да надминува 10 минути. Така пожарникарите доцнеле 10 минути, пренесуваат руските медиуми.

Пожарот настанал во магацинот на продавницата ОБИ, каде имало мебел и дрвени конструкции. Потоа пожарот го зафатил целиот простор на супермаркетот, па почнае и експлозии.

Извор од службите за итни случаи изјавил за РИА Новости дека експлодирале производи од боја и лакови – конзерви со бои и аеросоли.

„Поради уривањето на покривот и моменталниот пристап на кислород, настанале силни конвективни струи. Како резултат на тоа, пожарот брзо се прошири на голема површина “, објаснува изворот.

Тој додаде дека гаснењето го отежнале конструктивните карактеристики на објектот и уривањето на покривот. Во гаснењето на пожарот учествуваа вкупно 41 пожарникарски возила и речиси 130 лица.

Според ТАСС, пожарот речиси целосно го уништил хипермаркетот ОБИ – останале само носечките конструкции.

Телеграм профилот База објави и видео од една од експлозиите, на снимката се гледа како луѓето бегаат од урнатините.

Московјанката Ирина, која живее до хипермаркетот, изјави за газета.ру дека трговскиот центар се наоѓа меѓу станбени згради.

Според набљудувањата од една куќа оддалечена 200 чекори, се чул звукот на експлозијата “бум“, а куќата од 20 ката се затресла, како да има силен земјотрес, се тресел и подот.

Според неа, експлозијата била околу 6:15 часот, кога во трговскиот центар имало малку луѓе, но „секогаш има персонал кој се подготвува за отворање на продавници и обезбедување“.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....