14:26 - 8 ноември, 2026

ШАРЛИН ОД МОНАКО тежи само 50 кг: Се храни со сламка, изобличена е во лицето?!

Шарлин од Монако ослабнала видливо.

Принцезата со својата здравствена состојба веќе подолг период ги загрижува најблиските, прво поради сериозната инфекција на носот, грлото и ушите со која се зарази во Јужна Африка, а потоа и поради бројните операции на кои била принудена за лекување. Следуваше период на лекување на клиника во Швајцарија со засега непознати третмани.

Сега пак, се појави нов проблем за поранешната пливачка.

Се чини, всушност, дека Шарлин има само 50 килограми и дека се храни само со сламка.

Непотврдена гласина која ги плаши сите.

Проблемот е појавил пред неколку месеци, кога принцезата почнала да држи течна диета поради тешкото закрепнување по операцијата. Сегашната ситуација, сепак, според гласините, е доста критична. Во меѓувреме, јавноста е сè позагрижена за нејзината здравствена состојба, зашто принцот Алберт пак, не дава никакви информации за здравјето на сопругата, или тоа го прави премногу ретко и без објаснувања.

Според Bild и Closer, готвачот задолжен за исхраната на Шарлин, развил план за оброци за да ја натера принцезата да ја покачи телесната тежина, и на тој начин да ја спаси од прекумерно слабеење.

Дополнително, тим од лекари се грижат цела програма составена од пливање и јога сесии за да ја зајакнат физичката состојба и стабилност на Шарлин.

Според друга гласина, сепак, се чини дека сопругата на Алберт повеќе не сака да излегува во  јавност затоа што била изобличена во лицето по операциите на кои била подложена во Јужна Африка.

Слични објави

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.
Се вчитува....