9.8 C
Скопје
09:22 - 19 октомври, 2026

7 хуманитарни коридори, Црвениот крст со нова операција за евакуација од Мариупол, украинските власти: До денес се убиени 158 деца, а 254 се повредени

Планирани се 7 хуманитарни коридори, меѓу кои и Мариупол, градот кој го симболизира уништувањето што го донесе војната која започна пред 38 дена. Украинските власти соопштуваат: До денес се убиени 158 деца, а 254 се повредени. Грифитс лета за Москва. 

Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска повторно ќе се обиде со мисија за евакуација во Мариупол, откако вчера беше принуден да се врати поради неможноста да продолжи понатаму. За денес во Украина се планирани седум хуманитарни коридори, вклучително и нов обид за евакуација на Мариупол кој вклучува приватен и автобуски превоз. Ова го изјави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук, а пренесува Гардијан.

Благодарение на отворените хуманитарни коридори во Донтес, Луганск и Запорожје, вчера беа евакуирани над 6.000 луѓе, повеќе од 3.000 од Мариупол, но организацијата сака да ги евакуира сите цивили кои се изложени на ризик за преживување, околу 170.000 заробени од руската опсада во градот кој стана симбол на уништување каде што недостасува се: вода, храна, струја, лекови. Претседателот Зеленски во видео пораката рече дека најмалку 5.000 луѓе се убиени во Мариупол и дека се водат преговори за отстранување на телата од улиците.

На истокот на Украина ситуацијата останува „исклучително тешка“, додека повлекувањето на руските трупи од северот на земјата продолжува „бавно, но очигледно“ (според зборовите на Зеленски).

Во меѓувреме, бројот на загинати деца за време на конфликтот се влошува. Канцеларијата на државниот обвинител на Украина соопшти дека, според достапните податоци, загинале 158 деца, а 254 се повредени.

Сè уште се разработуваат важни детали, како што е точното време и дестинација на конвојот во  „операцијата Мариупол“. Неопходна е безбедноста, па властите побараа јасни гаранции во врска со транспортот на цивили.

Денес Мартин Грифитс, шефот на ОН за хуманитарни прашања и итна помош, ќе слета прво во Москва, а потоа во Киев, ренесува раињуз.

Слични објави

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо
Се вчитува....