14:06 - 8 ноември, 2026

Северина го загуби судскиот спор: Тужела, а немала никакви докази!

Високиот кривичен суд во Хрватска ја одби жалбата на Ускок и ја потврди ослободителната пресуда за Гзим Реџепи, кој беше обвинет за вршење влијание со цел да се промени судската одлука за родителска грижа и издршка на синот на пејачката Северина Вучковиќ и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, пренесува 24sedam.

Како што е наведено, Апелациониот суд, без да го прецизира идентитетот, оценил дека првостепениот суд дал јасни и валидни причини за сите факти пресудни за оцената на кривичната одговорност на Реџепи, прифаќајќи го заклучокот на Жупанискиот суд дека не е докажано дека Реџепи го сторил кривичното дело за кое е обвинет.

Како одлучувачки факти се наведени контактите на Реџепи со вештакот Владимир Грошиќ во август 2020 година, а се наведува дека не е докажано дека посредувал во вештачењето користејќи ја својата службена и општествена положба и влијание.

Да потсетиме, Северина го вмешала Реџепи кога и се заканувала на директорката на училиштето Љиљана Клингер, а потоа го пријавила во УСКОК, нагласувајќи дека ќе ги гони до крајот на животот.

На крајот на 2022 година, првостепениот суд донесе одлука Гзим да биде ослободен од обвиненијата што Северина ги покрена против него.

Но, сега Апелација донесе одлука дека тој е законски ослободен од сите обвиненија, бидејќи Северина немала никакви докази против Реџепи.

 

Слични објави

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.
Се вчитува....