22:01 - 7 ноември, 2026

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Српската фолк пејачка Дара Бубамара пристигнала на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ и открила како го поминува времето. Освен што не се одвојува од своето момче, пејачката истакнала и дека постојано е зафатена со некои деловни обврски.

– Јас сум машинерија! Имав и снимање, и настапи во Хрватска и приватна прослава, и ручек денеска со моето момче и планови за маркетинг, и еве ме, дојдов на снимањето. Јас немам проблеми со заморот. Дури и станав рано утрово – рекла Дара Бубамара, па се осврнала на приказната дека Јелена Карлеуша завела 25 години помлад маж.

– Слушнав нешто, не сум видела, но ми е мило, нека биде среќна! Секогаш сум за љубов. Мојот емотивен живот во моментов се пеперутки и цвеќиња. Ова е најдоброто нешто што ми се случило досега. Тој не е љубоморен, ниту пак, си даваме повод да бидеме љубоморни. Многу се сакаме. Освен што е згоден и убав, многу е паметен, се забавуваме, ми дава ветар во грб. Постојано ми вели „Љубов што е тоа за тебе“, „Ти тоа можеш да го направиш“ и така натаму. Многу е зрел за своите години. Мојот син го обожава, неговите родители се одлични. Тие ме обожаваат, знаат каква личност сум, често ме прашуваат како сум. Тие се прекрасни луѓе. Не ги интересираат селските приказни, за разликата во годините и тие теми – рекла Дара.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....