23:28 - 27 ноември, 2026

Се разведе од Северина, а сега има нова девојка: Синот на Кеба повторно љуби, пејачот го разоткри

Игор Којиќ, синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, покрај славниот татко на јавноста ѝ е познат по својот љубовен живот.

Тој се најде во центарот на вниманието на јавноста кога се ожени со хрватската пејачка Северина, а по разводот срцето ѝ го даде на актерката Теодора Бјелица.

Ниту таа љубов не траеше. Теодора се омажи, а сега познатиот пејач откри дека и неговиот син Игор е повторно вљубен. Имено, Кеба пристигнал на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а на Кошутњак го донел неговиот син Игор, кого фолкерот го разоткрил пред медиумските екипи.

Кога излегол од скапиот џип, фоторепортерите сакале заедно да ги фотографираат таткото и синот, но Кеба рекол дека „Игор брза да се види со својата девојка“.

„Брза, брза. Го чека девојката“, им кажал Кеба на фоторепортерите од српските медиуми.

Да потсетиме, Игор и Северина се разделија во 2021 година по шест години брак. Тогаш таа даде изјава за хрватските медиуми во која рече дека одлуката за развод е донесена со заеднички договор, и дека нема да дозволи да ја третираат како „вреќа за ќотек“.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....