21:56 - 27 ноември, 2026

Се повлече од јавноста, а сега развива бизнис во Америка: Еве како Милан Станковиќ заработува милиони

Поранешната ѕвезда на „Гранд“ и миленик на публиката, Милан Станковиќ, се повлече од музичката сцена пред неколку години, оставајќи ги обожавателите во сомнеж за тоа што прави денес и како заработува за живот.

Според српските медиуми, Милан развил бизнис со камиони во Чикаго, што во моментов е негов главен извор на приход. Очигледно, тој основал своја компанија за транспорт на стоки и неговиот бизнис оди одлично.

– Милан отвори транспортна компанија во Америка. Имал само еден камион кога го започнал својот бизнис во Чикаго, но сега има дванаесет. Неговата компанија добро напредува, а вработените се исто така многу задоволни – изјавил неодамна извор за српските медиуми.

Многумина го поврзаа заминувањето на Станковиќ од јавниот живот со неговата духовна потрага. Имено, тој бил виден неколку пати во манастири, а како што претходно објавија медиумите, дури и размислувал за манастирски живот.

Тој бил особено приврзан кон манастирот Подмајне во Црна Гора, каде што наводно престојувал подолг период. Сепак, манастирот потоа се огласи и ги негираше гласините дека Милан станал послушник, наведувајќи дека останал кај нив исклучиво заради духовен мир.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.
Се вчитува....