18:50 - 2 ноември, 2026

Саша Матиќ за воспитувањето на ќерките: Кога беше најлошо, обично не бев таму, можеа да завршат во поравен дом

Ќерките на Саша Матиќ не сакаат претерано да се изложуваат на медиумите, а пејачот во една прилика призна дека не бил присутен на нивното воспитување поради работата и дека ги воспитувала неговата сопруга.

– Не ме копираа, тие имаа свое детство, јас мое. Тие пораснале во голем град, според некои други правила. Денес животот е многу побрз, технологијата напредна, социјалните мрежи, кои многу ни помогнаа, но и многу ни одзедоа. Тој што сака да знае, знае што сум имал за ручек, вечера… Тоа е едно од непишаните правила. Јас имав многу побавно детство и живот. Пред дваесет, триесет години и ние децата живеевме побавно. Денес децата живеат така што другар ми ми се пожали дека има десетгодишно дете, а нема време да гледа филм до крај, го однел детето на психолог. Такво е времето денес – изјавил Саша.

Кога се во прашање неговите ќерки, тој веќе не се плаши од ништо.

– Мислам дека, што се однесува до тие стравови, јас со тоа завршив. Кога беше најлошо, обично не бев таму. Немаше тешки ситуации, жена ми се снајде, добро се справува и денес. Колку време поминав со моите деца, тие можеа да завршат во воспитно-поправен дом. Можеби ќе ми беше жал да беа поинакви, но фала на Бога, нема за што да жалиме – заклучи пејачот во емисијата „Премиер викенд специјал“.

Слични објави

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.

Перо Антиќ со најважните момчиња во неговиот живот – Една фотографија кажува сè

Еспресо

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо
Се вчитува....