22.8 C
Скопје
14:21 - 28 септември, 2026

РОЗОВА ПОЛНА МЕСЕЧИНА НА 16.април: Три хороскопски знаци кои ќе ја запознаат својата сродна душа!

раце љубов

На 16 април започнува фазата на розова полна месечина која ќе има најголемо влијание на љубовната сфера. Еве кои 3 хороскопски знаци кои ќе ја запознаат својата сродна душа!

Во текот на оваа недела, поточно на 16 април, ќе се случи необичен астролошки феномен, таканаречената розова полна месечина. Ќе биде во знакот Вага и ќе има големо влијание на љубовните врски.

Оние кои веќе имаат партнер ќе го почувствуваат тоа, во вид на зголемена интимност, додека оние кои се сами ќе имаат огромна шанса да ја запознаат својата сродна душа! Не мора да биде некој нов во нашите животи, можеби е присутен долго време, но едноставно не сте го доживеале на тој начин. Розовата полна месечина ни помага да ги откриеме нашите чувства.

Трите знаци имаат најголеми шанси да ја најдат својата сродна душа за време на розовата полна месечина во Вага:

1. Вага

Бидејќи полната месечина е во вашиот знак, ова е идеално време за вас. Работите во вашиот живот полека си доаѓаат на свое место. Големи се шансите да влезе во вашиот живот сродна душа, личност на која без страв ќе ѝ ги откриете сите ваши најголеми тајни, да бидете пред неа/него онакви какви што сте навистина, без да се преправате. Во нејзино/негово друштво ќе се чувствувате како да можете се – да се справите со сите проблеми и неволји.

2. Скорпија

Оваа недела Универзумот ви носи убаво изненадување. Ќе сфатите дека еден од луѓето околу вас е вашата сродна душа. Нема да биде толку очигледно, но ќе имате добро чувство за таа личност, ќе ве обземе необична среќа. За време на полната Месечина во Вага, вие и оваа личност ќе истражите нова страна од вашата веќе воспоставена врска. Препуштете се на авантурата!

3. Стрелец

Секогаш кога има транзити, вие сте први во редот за да ги искористите сите придобивки што ги носи положбата на планетите. За време на полната Месечина во Вага, ќе се чувствувате двосмислено – сакате друштво, но не да губите време со луѓе кои не ве разбираат. За среќа, розовата полна месечина ќе ве однесе директно до вистинската личност во вистинско време. Оваа личност е вашата сродна душа. Ја разбирате без зборови, знае како се чувствувате. Во него/неа ќе најдете се што ви треба.

Слични објави

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – Во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо
Се вчитува....