19.8 C
Скопје
00:01 - 17 август, 2026

Родена е Саманта Фокс, Здравко Чолиќ го забележа првиот значаен успех и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја, 15 април, ќе остане запаметен по неколку интересни настани за кои подетално можете да прочитате во продолжение…

1894 година – Родена е Беси Смит, американска блус пејачка, позната во 20-тите и 30-тите години од минатиот век, која важеше за една од најдобрите вокали во тоа време, а заедно со Луис Армстронг е означена како највлијателна личност во џез музиката од тој период.

1966 година – „Rolling stones“ го објавија албумот „Aftermath“, четвртото студиско издание и прво кое авторски комплетно го направија Мик Џегер и Кит Ричардс. Како пославни песни од албумот се одделија „Mothers little helper“, „Lady Jame“, „I’m waiting“, како и одличната 11-минутна нумера „Going Home“.

1966 година – Родена е Саманта Фокс, британска денс-поп ѕвезда од 1980-тите години.

1969 година – Пол Сајмон и Гарфункел го објавија синглот „The box“, со кој беше најавен албумот „Bridge over troubled water“, кој излезе дури кон почетокот на наредната година.

1972 година – Прв голем успех на Здравко Чолиќ. По неговите претходни пејачки епизоди во „Амбасадори“ и „Корни“, името на Здравко Чолиќ како вокален солист по првпат остава белег на 15.4.1972 година на сараевскиот фестивал „Ваш шлагер на сезоната“. Чолиќ во оваа прилика ја изведе песната на Кемал Монтено, „Синоч ниси била ту“ и освои прва награда за најдобра интерпретација, односно ја доби третата награда од публиката.

1974 година – Американската група „Lynyrd Skynyrd“ го објави вториот студиски албум „Second helping“.

1982 година – Југотон го издаде вториот албум на белградската група „Идоли“ под назив „Одбрана и последњи дани“.

2001 година – Почина Џо Рамон (49), еден од панк пионeрите и пејач на познатата група „The Ramones“. Групата е основана во 1974 година и престана со работа во 1996 година.

Слични објави

(Видео) Влада од „Магла бенд“ проговори за најголемата траума од детството

E.A.

(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ во тиркизен костим за капење изгледа како милион долари

Еспресо

Миа Беговиќ со емотивна објава се присети на сестра ѝ Ена на годишнината од смртта: Ужасот од сознанието дека одекот на една душа засекогаш е тука, но не можеш да ја прегрнеш

Т.Ц.

Неделен хороскоп без разубавување: Кој ќе добие порака од минатото, кој ќе троши пари без план, а кој конечно ќе каже „доста е“?

Еспресо

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.

Хасан Дудиќ се бори со тешки здравствени проблеми — пејачот го напушти Белград и прима силни инјекции

E.A.
Се вчитува....