9.8 C
Скопје
03:13 - 29 април, 2024

Бугарски професор анестезиолог: Респираторите ќе доведат до голема смртност во борбата со коронавирусот

Професорот анестезиолог и реаниматор, поранешен министер за здравство во Бугарија, Олег Хинков, вели дека набавката на голем број на респираторни машини во борбата против ковид-19 ќе доведе до голема смртност. Тој посочува дека пандемијата со коронавирусот е многу пострашна од 2008-2009 година, кога светот се соочи со заразата од свинскиот грип. Во екот на свинскиот грип, пролетта 2009 година, во Бугарија, за еден месец, починале 4000 лица.

– Со огромна жал ќе кажам, тие беа претежно млади луѓе, најмногу родилки и бремени жени. Сега, фала му на Бога не е така, умираат старите. Тогаш не беше како сега, но малкумина кои работевме на реанимација, бевме во услови блиски на сегашните – посочува Хинков во неодамнешното интервју на бугарската БНТ.

Според него, набавката на голем број респираторни машини, ќе доведе до голема смртност.

– Респираторите, апаратите за кои говориме, не се средство кое ни е неопходно. Она што ни треба е Одделение за интензивно лекување. Вистинската реанимација има само 4 компоненти. Првата е болничката територија, местото каде се планира и гради интензивното одделение, бидејќи тоа е многу специфично. На пример, едно болничко легло може да го сместите во два квадрати и тука болниот ќе си лежи на него. Интензивното легло мора да е ставено на простор од 25 квадратни метри. Во тој простор треба да има работи кои ги нема во болничките соби. Втората компонента е апаратура, тука влегуваат омилените респиратори. Но освен респиратор, за да ставиш некој пациент на белодробна вентилација ти требаат уште многу други апарати, перфузер, мониторна апаратура, аспирациона апаратура, дефибрилатори и т.н. Третата компонента се лекарите. Лекарите кои работат на реанимација, основната медицинска специјализација им е анестезиологија и интензивно лекување. Анестезиолози во Бугарија нема – констатира Хинков.

На прашањето на новинарот, дали е реална констатацијата на властите дека, ако не дај боже Бугарија дојде блуски до италијанското сценарио, многу лесно лекарите можат да се научат да станат реаниматори, Хинков одговара:

– Вие сте водечки новинар во вашата телевизиска куќа. Еве јас ќе ве прашам, јас сум средно интелигентен човек, за колку време можете да ме обучите мене да станам телевизиски водител од ваш калибар, за два три дена, недела, месец? Тоа ми е одговорот.

Хинков нагласува дека голем проблем е тоа што Бугарија нема анестезиолози.

– Не знам колку точно анестезиолози има. Пред некоја година беа 400, сега можеби се 420. Тое е голем проблем, но проблемот е многу посложен, страшен би рекол. Повеќе од половината од тие анестезиолози поим немаат од интензивно лекување, тие никогаш не работеле во реанимација, ниту пак можат да работат реанимација, а уште помалку да се обучат за два три дена или два три месеци. За тоа требаат години. Тоа беше третата компонента, лекарите. Четвртата компонента се медицинските сестри или реанимациони сестри. Тие се неопходни за да немаме ситуации во кои персоналот го убива пациентот. Пациентот може да почине од болест, но важно е персоналот да не го убие. За секој пациент неопходно е да има по една сестра која ќе биде до него 12 часа и уште една за наредните 12 часа. Сестрата на смена мора да има резервна реанимациона сестра, бидејќи тој пациент не смее да биде оставен сам ниту 5 минути, затоа што неговата состојба постојано се менува. Ако направиме пресметка, тоа значи дека се потребни од 30 до 40 сестри на едно интензивно одделение од 10 легла. Јас знам, можам да пуштам реанимациона сестра да работи самостојно по третата година од учењето. Реанимационата сестра е апсолутно нешто различно од обичните сетсри, затоа што тие вршат лекарска работа. Тие сестри мора да бидат физички и психички млади жени затоа што на една смена таа сестра поминува меѓу 17 и 18 километри и крева 800 килограми тежина. Тоа е вистинската реанимација која ние во Бугарија ја немаме – заклучува професорот.

 

The post Бугарски професор анестезиолог: Респираторите ќе доведат до голема смртност во борбата со коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....