7.8 C
Скопје
05:24 - 29 април, 2024

Изјавата го изненади светот: Францускиот професор носи нови вести за коронавирусот, еве кога ќе исчезне (ВИДЕО)

Епидемијата на коронавирусот би можела да исчезне за време на пролетта и за неколку недели веќе да нема нови случаи, испрати охрабрувачка порака познатиот француски професор Дидије Раул, во светот познат по својот третман на хидроксихлорин во комбинација со азитромицин.

Неговата изјава го изненади целиот свет кој се бори со опасната пандемија. Тој истакна дека оваа можност ја најавувал и претходно.

– Причината е исклучително чудна и вообичаена кај најголемиот број на вирусни респираторни болести. Тоа е доста банално, објаснува Раул заради што би можела епидемијата изненадно да се повлече.

Раул тоа го соопшти во своето видео-обраќање, што е негов вообичаен начин на комуникација во последно време.

– За нас, епидемијата прогресивно исчезнува, охрабрувачка е пораката на Раул, кој тоа го поткрепил со податокот дека во неговата Медитеранска инфективна клиника во Марсеј на врвот на епидемијата имало 368 нови случаи за време на еден ден, а денеска ги има од 60 до 80.

Тој тоа го окарактеризира како значително намалување на бројот на детектирани случаи, а како уште позначаен податок го наведе бројот на луѓе кои доаѓаат на тестови, а претставуваат асимптоматични случаи.

Доктор Раул оваа здравствена криза ја спореди со некои од претходните епидемии во Франција, истакнувајќи дека поголем морталитет имало во 1997, 2000, 2009 и посебно 2017 година.

Тој рекол дека со оваа епидемија треба да се управува што е можно попрофесионално, без страв и грижа, со дијагностицирање, изолирање и третирање на пациенти, за да се избегне да има повеќе мртви.

The post Изјавата го изненади светот: Францускиот професор носи нови вести за коронавирусот, еве кога ќе исчезне (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....