10.8 C
Скопје
01:32 - 3 мај, 2024

Македонија во споредба со земјите од регионот: Повеќе починати на милион жители има само во Словенија, а на дното сме по бројот на излекувани и тестирани

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера попладне информираше за нови шест смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната број на починати се искачи на 44 или процентот на смртност кај нас е 4,8 отсто. Од последните, четворица починаа на Клиниката за инфективни болести, на возраст од 61 до 65 години, а двајца во болницата „8 Септември“ на 59 и 67 годни.

По градови, во Скопје има 7 починати, Куманово 12, Прилеп 3, Дебар 4, Струга 8, Тетово 4, Велес 3 и по еден во Штип и во Кочани.

Од Институтот за јавно здравје велат дека најголем број од регистрираните смртни случаи се на возраст над 60 години (7,8 на 100.000), но сепак во нивниот последен извештај нема податок колку се на возраст од 60 до 70 години, во која група најверојатно влегуваат и најголем број од пациентите заболени од коронавирус кои завршија фатално.

Од починатите, кај 32, односно кај 72,7 отсто се регистрирани коморбидитети, односно присуство на други хронични заболувања. Најголема стапка на смртност во однос на број на заболени има во Струга каде на 43 заболени има 8 починати и во Тетово каде на 34 заболени има 4 починати.

Од други расположливи статистички извори паѓа во очи дека многу е поголем бројот на починати мажи кои во вкупната бројка влегуваат со 70,59 отсто, а жените со 29,41 отсто. Од вкупниот број на починати 2,7 отсто се на возраст од 20 до 29 години и од 30 до 39 години, а 10,81 отсто на возраст од 40-49 години и од 49-59 години.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека од 15.02.2020 до 13.04.2020 тестирани се вкупно 9.262 материјали (детектирани 908 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Со ова во Македонија се направени 4.476 теста на 1.000.000 жители.

Во регионот нема со што да се пофалиме

Бројот на починати кај нас на милион жители изнесува 21 и тој е поголем во однос на другите земјите од регионот, освен во Словенија каде изнесува 27. Споредено сo бројот на направени тестови подобро стоиме само од Албанија. Во однос на излекувани пациенти кои кај нас се 86, подобри сме само од Бугарија каде има излекувани 81 пациент, но и помал број на заболени отколку кај нас.

Така во Хрватска има 31 починат на 1.704 заболени или 8 на еден милион жители. Направени се 18.539 тестирања и 415 пациенти се излекувани.

Во Словенија има 1.220 заболени, а откриени се со 35.946 тестирања. Бројот на починати е 56 случаи или 27 на милион жители.

Во БиХ се регистрирани 1.083, на 12.407 направени тестови. Бројот на починати е 40 починати или 12 починати на милион жители. Како излекувани се водат 236 пациенти.

Србија има откриено 4.465 заболени со 23.398 направени тестирања. Бројот на починати е 94 или 11 на милион жители. Излекувани се 400 заболени. Во Грција бројот на заболени е 2.145 заболени на 43.417 тестирани. Бројот на починати е 99 или 9 на милион жители. Излекувани се 269 пациенти.

Албанија има 475 заболени на 4.306 тестирани. Бројот на починати е 24 починати или 8 на милион жители, а бројот на излекувани 248.

Бугарија има пак има 713 заболени на 18.502 направени тестови или 35 смртни случаи или 5 на милион жители. Излекувани се 81 пациент.

Земјите што повеќе тестираат имаат помали стапки на смртност

Ако се погледнат бројките ќе се види дека земјите каде се прават повеќе тестови имаат и помала стапка на смртност, што се објаснува со тоа што заболените порано се изолираат и уште од почетокот на лекувањето има точна дијагноза како би можел да биде и најсоодветен пристапот во третманот.

Северна Кореја е пример на земја каде се тестира многу и бројот на починати на милион жители изнесува само 4. Вкупната бројка на заболени е 10.564  откриени со 527.438 направени тестови. Интересен пример е и Виетнам каде нема ниту еден смртен случај, а направени се 121.821 тестирања и откриени 266 заболени. Без смртен случај се и Фарските острови, каде на 48.497 жители се направени 5.602 тестови и откриени 184 заболени. Интересно во овој случај е што тестовите за коронавирусот во лабораторија која првенствено се користи за тестирање на лосос од вирусни инфекции. Во Венецуела пак се направени 203.108 тестирања и има само 9 смртни случаи или 0,3 на милион жители, а вкупната бројка на заразени е 189. Во Словачка со направени 30.052 тестови и таму има 0,4 смртни случаи на милион жители.

Филипче: Заболените од најтешка форма умираат во 97 отсто од случаите

На прашањето зошто имаме голем број на починати пациенти кои најголем број и не се во групата над 70 години, министерот за здравство Венко Филипче  вели дека болеста има непредвидлив тек, освен белите дробови ги напаѓа и сите други системи – ја напаѓа крвта, а страдаат и сите други органи.

– Анализиравме резултати и литература зошто е така, а консултиравме и други болници во светот. Така е секаде – смртноста изнесува 90, дури и 97 отсто кај тешките форми на болеста – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

The post Македонија во споредба со земјите од регионот: Повеќе починати на милион жители има само во Словенија, а на дното сме по бројот на излекувани и тестирани appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....