22:47 - 8 август, 2026

Роден е Џим Келтнер, „Дивље јагоде“ го објавија петтиот албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден, 27 април, низ музичката историја го одбележуваат неколку настани за кои можете да прочитате подетално во продолжение…

1942 година – Роден е Џим Келтнер, американски тапанар и еден од најбараните во светот на рок музиката, кој свиреше со низа на ѕвезди како Џон Ленон, Џери Гарсија, Ерик Клептон, Џо Кокер, Мик Џегер и Кит Ричардс (соло албуми), Боб Дилан, Нил Јанг, Пинк Флојд и така натаму.

1947 година – Роден е Питер Хем, велшки пејач, автор и гитарист најпознат како член на рок групата „Badfinger“ и коавтор на славната балада „Without you“ од опусот на Хари Нилсон.

1948 година – Родена е Кејт Пирсон, една од двете пејачки во американската група „The B-52s“.

1959 година – Родена е Шина Истон, шкотска поп пејачка.

1985 година – Дискотон го издаде петтиот албум на хард-рок групата „Дивлје јагоде“, која доби и нов член, басистот Златан Хериќ, што овозможи пејачот Ален Исламовиќ, кој дотогаш свиреше и бас, да и се посвети само на локалната интерпретација. Албумот го носеше името „Ватра“, а како најголеми хитови се одделија песните „Циганка“, „Лет на други свет“, „Ватра“ и баладата „Моја си“.

1999 година – Британскиот алтер рок бенд „The Verve“, основан 10 години порано, официјално го објавија својот крај.

Слични објави

Татјана Лазаревска: „Со години ја убедував Маријана повторно да снима“

Еспресо

Марина Петровска, велнес-советник: Зошто многу жени не можат да ослабат иако се трудат?

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ изгледа феноменално во едноставен едноделен костим за капење

Еспресо

(Видео) Багери во дворот и работници на жештините: Верица Ракочевиќ и Вељко градат базен на Авала

Еспресо

(Фото) Анѓелка Прпиќ „пука“ од гордост – денеска е важен ден за нејзиниот син

Еспресо

(Фото) Кога облеката зборува за вас: „Капитол“ со нова колекција за мажи со изграден стил

Еспресо
Се вчитува....