10.8 C
Скопје
01:50 - 4 април, 2026

РЕСАНА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ – торта за „итни случаи“ од кујната на Давор Панчевски

Ресана торта – уште се нарекува „торта за итни случаи“. Тоа се сите оние мигови кога имате потреба од благо, но немате време или пак не сакате да заглавите во кујната. За само десетина минути, веќе имате домашна торта со одлична комбинација на вкусови, а воопшто не сте ја вклучиле рерната.

За овој рецепт Давор користи ресана со вкус на вишни, но ако преферирате друг вкус, тогаш слободно изберете друг тип на ресана. Фото-приватна архива

За овој рецепт Давор користи ресана со вкус на вишни бидејќи убаво се вклопува во целата композиција на состојки.

Што се однесува до нејзината форма, тука сè останува на вашата фантазија.

Калапите за печење торти во различни форми може да ви послужат како модли за обликување, а доколку сакате дополнителна декорација секогаш можете да користите и фондан, па да ја претворите оваа лесна торта во нечие мало слатко изненадување.

Потребни состојки:

750 г ресани, сечкани на четвртини

200 г сечкани ореви

200 г сечкани бисквити

2-3 лажици ликер од вишна

200 мл топло млеко

250 г растопен путер

2 кесички за шлаг изматени со 250 мл млеко

декорирајте со шарени трошки

Начин на подготовка:

Исечкајте ги ресаните на четири дела и искршете ги бисквитите или пишкотите, па попарете ги со топлото млеко и путер. Потоа додадете ги исечканите ореви и малку рум.

Добиената смеса се обликува по желба. Јас ја формирав мојата торта во векна т.е. смесата ја ставив во калап за печење на векнички.

Целата торта премачкајте ја со изматената слатка павлака. По желба декорирајте ја со шарени мрвици.

Добар апетит и забавно готвење!

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....