18.8 C
Скопје
15:31 - 12 октомври, 2026

СВЕТОТ НА ХАРИ ПОТЕР – инспирација за литературен, ликовен и фото-конкурс, тестирајте ја вашата инспирација, а има и убав награден фонд!

Волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае од 18 февруари до 20 март 2022 година, право на учество имаат сите ученици од основните и од средните училишта, како и сите фанови на овој серијал.

Тие ќе се натпреваруваат во неколку категории, поделени по возраст, а најдобрите творби ќе бидат наградени. Победниците ќе бидат соопштени на почетокот на април 2022 година, а наградите ќе бидат врачени на посебен настан.

Наградниот фонд се состои од дипломи, книги и подароци со ликовите од „Хари Потер“.
Tворбитe инспирирани од Хари Потер ги очекуваме на следната е-адреса: [email protected].
При конкурирањето, не заборавајте да ни ги напишете и вашите податоци: име и презиме, ментор, одделение/клас и училиште, како и поштенската адреса и телефонски контакт (од родител за помладите учесници).

Во светски рамки во 2022 година се одбележуваат два значајни јубилеја поврзани со Хари Потер – 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг и 20 години од премиерата на истоимениот филм.
По тој повод, „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, се приклучува кон глобалното одбележување, а една од активностите е овој креативен конкурс.

„Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега ги има објавено „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (кое го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“ и „Хари Потер и Редот на фениксот“. Во текот на оваа година се очекуваат и следните делови.

Слични објави

Сања Маринковиќ за малку ќе била ограбена во Лондон: „Тројца ме опколија и ми ги влечеа телефонот и чантата“

Еспресо

Зорица Брунцлик откри дека се борела со рак: Најблиските ја криеле дијагнозата, сопругот проверувал дали дише

Еспресо

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Десет години љубов со Ивана: Пејачот Дарко Илиевски слави годишнина од бракот

Еспресо

Јелена Карлеуша за случајот со Јаков Јозиновиќ: „Ако на нашите пејачи им забрануваат концерти, треба да возвратиме со иста мера“

К.С.

Силви Плевнеш за тешките моменти: Имавме финансиски проблеми додека ќерката беше во Холандија

Еспресо
Се вчитува....