14.8 C
Скопје
02:09 - 2 мај, 2024

РАЗГОВОР СО ВИКТОР АПОСТОЛОВСКИ: Супермен во реалниот свет се сите луѓе што ја преживуваат денешницава

„Супермен“ е песна која од прво слушање влегува во глава, едноставно те заразува со модерниот и брз ритам, а Виктор Апостоловски е среќен што е дел од шестте евровизиски кандидати. Се надева дека публиката ќе ја препознае песната.

За Еспресо, Виктор открива што го предизвика за настап евровизиската сцена оваа година?

 Со кого соработуваше за песната?

– Супермен е дело на Владимир Дојчиновски Дојчин. Јас имав само удел во текстот, пошто нели, две луди глави се подобри од една, па успеавме да излезиме со ваков интересен продукт.

Зошто Супермен? Супер херој или нешто друго…

– Сакале да признаат или не, ама во кодот на секој маж, покрај другото е да биде заштитник, па од таму и желбата на сите мажи да се суперхерои. Е сега за разлика од стриповите и филмовите, во реалниот свет супер херои според мене се сите луѓе што ја преживуваат денешницава т.е. врват низ се и успеваат да изградат живот, фамилија, старост и наследство! Сите сме Супермен!

Искрено не сакав да се пријавам бидејќи имав премногу обврски и едноставно не очекував да се вклопам во овдешните критериуми со музиката што ја правам. Фото – приватна архива

Настапите на фестивалите не ти се непознати, но Евровизија е сосема различно. Зошто Евровизија оваа година?

– Искрено не сакав да се пријавам бидејќи имав премногу обврски и едноставно не очекував да се вклопам во овдешните критериуми со музиката што ја правам. Арно ама, се јави Дојчин и ми рече ова мораш да го чуеш! И во право беше! Некако ме понесе битот, текстот беше едноставен со многу интернационални зборови, што го прави лесен за сите насекаде и стилот на музиката носи некоја убава енергија. Едноставно ја чув и во истиот момент се видов на таа сцена!

Што ако нашиот претставник на Евровизија е Виктор? Сметаш ли дека ќе се справиш со притисокот и одговорноста која ќе ја имаш?

– Што би се рекло народски: “Притисок?! Јас сум роден под притисок!” (се смее, н.з). Шега на страна, луѓето не ја знаат цела моја животна приказна. Можеби некогаш ќе ја чујат, можеби не, но без разлика на тоа, има причина зошто никогаш не се предавам! Има причина зошто можам да се смејам дури читам лоши коментари градејќи го својот сон! Има причина зошто секое мое појавување на сцена носи посебна енергија! На сцена сум израснат, тоа ми е домашен терен и никаков притисок нема тоа да го промени! Можам да се сомневам во многу работи, ама за настап на сцена – никогаш! Колку поголема – толку поубаво!

Какви се реакциите на обожавателите?

– Добивме еден тон пофалби, дури и неочекувано многу и од тука и од странство! Ваква поддршка не памтам од Идолот. Е сега нормално има и негативни коментари, ама тоа е очекувано, особено кога се работи за песна со толкава радиоактивност. На крајот на денот, тој што сака да најде замерка, секогаш ќе најде! Ние сакавме да освежиме малце и да шириме позитивна енергија и тоа и го правиме.

 Слушајќи ја песната, дали сега би променил нешто во текстот, музиката…

– Па песната не е направена за да се анализира, туку за да се ужива! Да се танцува! Да не врати малце во деновите кога сите бевме безгрижни, се журкавме и уживавме. Да заборавиме на оваа пандемија од која сите излегуваме како Супермен. Не е ова некоја философска дебата па ќе се објаснуваме, тука сме да си поминеме убаво и да танцуваме.

Така што освен продукциско финесирање, не би променил ништо.

Виктор отктрива дека од дете ја следи Евровизија, а изминативе години се разгорела  голема желба да биде македонски претставник на изборот. За Виктор можете да гласате – ТУКА.

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....