13.8 C
Скопје
09:45 - 27 април, 2024

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

При екстремни загадувања на воздухот какви што има кај нас, особено во период на вирусни заболувања, освен исхрана богата со антиоксиданси, исхрана што го стимулира и го засилува имунитетот, неопходно е да внесуваме и квалитетни и проверени суплементи од природно потекло, смета д-р Беќаровски.

проф. д-р Нико Беќаровски, специјалист интернист, доктор на медицински науки

Според официјалните податоци, бројот на пријавени случаи на заболувања од грип е зголемен за 2,7 пати во споредба со истиот период од минатата година. Како да се заштитиме од вирусни инфекции, земајќи предвид дека и екстремното загадување на воздухот, како и стресниот начин на живот, имаат влијание врз развојот на респираторните инфекции, разговараме со проф. д-р Нико Беќаровски, специјалист интернист, доктор на медицински науки, кој долги години е дел од Универзитетската клиника за токсикологија.

На што се должи забрзаното ширење на грипот и има ли место за страв од зголемување на смртни случаи предизвикани од компликации?

– Статистички гледано, во право сте и навистина има повеќекратно зголемување на бројот на заболени од грип, но бројките се во рамките на очекуваните за овој период од годината и веројатно веќе го достигнуваме овогодишниот максимум. Бројот на починати или на пациенти со сериозни компликации, најмногу зависи од структурата на заболени и од процентот на лица со сериозни коморбидитети.

Повеќе градови во државата, особено главниот град, високо се рангирани на светската „Ај-кју ер“ листа за загаденост на воздухот. Има ли влијание загадувањето на воздухот врз зголемувањето на случаи на вирусни заболувања?

– Сите сме свесни дека загадувањето на воздухот има директно и индиректно влијание врз развојот на респираторните инфекции. Една неодамнешна збирна студија објавена во 2022 година, во престижното списание „Ер квалити, атмосфер енд хелт“ (Air Quality, Atmosphere & Health), покажа и докажа дека загадувањето директно и правопропорционално влијае врз честотата, тежината и должината на најчестите респираторни вируси. Се потврди дека изложеноста само на 22 AQI (air quality index) е еднаква на штетата предизвикана од една цигара, а ние имавме денови кога овој индекс надминува и преку 400 единици.

Кои се начините да се заштитиме?

– Идеално би било да можеме да отпатуваме во предели со чист воздух, но тоа е неизводливо. Можеме да ги намалиме штетните ефекти на неколку начини, пред сè со консумирање големи количини вода, повеќе од 2-3 литри, со исхрана богата со антиоксиданси, исхрана што го стимулира и го засилува имунитетот. За жал, при екстремни загадувања какви што владеат кај нас, неопходно е барем во периодот од почетокот на ноември, па до средината на април, да внесеме и квалитетни и проверени суплементи од природно потекло.

Денес на пазарот се нудат најразлични производи за превенција и заштита од надворешните и од внатрешните загадувачи, за превенција од вирусни заболувања, антиоксиданси, зајакнувачи на имунитетот. Како да се препознае квалитетен производ?

– Веројатно, доколку го добиев ова прашање пред една година, ќе пробав да го избегнам директниот одговор, бидејќи за разлика од лековите што пред да се пуштат во промет мора да поминат ригорозни здравствени контроли, суплементите како додаток во исхраната не мора да ги поминат сите овие контроли и испитувања. За среќа, има производители кои, убедени во квалитетот на својот производ, самоиницијативно ги поттикнуваат сите испитувања за квалитетот на нивниот производ. Токму таков суплемент е ГЕ 132+ Натурал (GE 132+ Natural), за кого во ноември 2023 година во едно од најпрестижните списанија за молекуларна медицина „Џурнал оф транселешенл медисин“ (Journal of Transalational Medicine) излезе уводник во кој е направена научна анализа за ефектите на овој суплемент, врз основа на независна експертиза на најзначајните 74 научни трудови објавени во научни списанија за неговата ефикасност. Во многубројните заклучоци кои произлегоа од оваа студија, најзначајните се дека ГЕ 132+ Натурал (GE 132+ Natural) претставува безбеден суплемент без несакани дејства, кој има докажан антиинфламаторен (противвоспалителен), изразено висок антиоксидативен, антивирусен, имуномодулаторен, туморско-инхибиторен и антимеланоген ефект. Првите четири посакувани и докажани ефекти од неговата примена се токму тие, кои значително ја намалуваат директната штета од загадувањето, но и значајно придонесуваат за помала инциденца на вирусните заболувања, за нивно пократко времетраење и за значително полесна клиничка слика, што го прави овој суплемент оптимален за употреба.

Комерцијален текст.

Слични објави

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо
Се вчитува....