18:58 - 27 ноември, 2026

(Видео) Сопругата на Брус Вилис е лута како се известува за здравјето на актерот: Ја откри неговата состојба

Актерот Брус Вилис се повлече од глумата пред две години кога му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Оттогаш, неговото семејство често дава изјави преку социјалните мрежи за да ја сподели состојбата на актерот со јавноста.

Вчера се огласи неговата сопруга Ема Хеминг Вилис која објасни колку е незадоволна од пишувањата во светските медиуми за болеста на Брус.

Ема ја повика јавноста да го промени правецот на известување, таа смета дека медиумското покривање на неврокогнитивните болести треба да се коригира бидејќи тоа може да влијае на други семејства, вклучително и на нејзиното семејство.

– Насловите во основа велат дека нема повеќе радост во мојот сопруг. Сега можам само да ви кажам, тоа е далеку од вистината – вели Ема на социјалната мрежа Инстаграм.

Потоа нагласи дека искуството на нејзиното семејство е „потполна спротивност на тоа“.

„Постои тага. Има од сето тоа. Но започнувате ново поглавје. Таму сме ние. Затоа, престанете со такви наслови. Ги излудува луѓето“.

 

 

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....