23:01 - 8 ноември, 2026

Прва изјава на Јована Јеремиќ по веста за бременоста: Водителката откри дали е бремена

Српската водителка Јована Јеремиќ денеска ја заинтригира јавноста кога објави снимка со ќерката Леа, па ѝ соопшти одлични вести, дека ќе добие брат.

– Ти благодарам Боже, што имам вакво чедо. Ти благодарам Боже што мојата ќерка е ваква каква што е. Икона моја, син мој, љубов моја. Не смеам да кажам син, но тоа е посилно од мене. Мојата мајка цел живот за мене велеше дека сум син и затоа сум ваква каква што сум, но ти не мора да бидеш син. Ќе добиеш брат, а ти не мора да бидеш син, ти биди ќерка – рекла Јована во видеото.
Сите веднаш почнаа да зборуваат за тоа дека Јована е бремена, со оглед на тоа што веќе подолго време е во среќна врска со претприемачот Драган Станковиќ. Инаку, Јована и Драган се свршија на нејзиниот роденден.

Меѓутоа, водителката се огласила за српскиот портал „Република“ и открила дека сепак, веста не е вистина.

– Не сум бремена – кратко искоментирала Јована.

Инаку, водителката неодамна се пофали и со бурмната што ја добила од Драган, а судејќи според се, нивната врска отишла чекор понатаму по свршувачката која се случи во ноември. Иако од неа многумина очекуваат голема и помпезна венчавка, Јована тврди дека таа е тип за помали свадби.

– Во 2026 година ќе биде мојата венчавка, ѕвездите така велат и бременоста потоа. Конкретно, голема венчавка не, јас не сакам големи венчавки. Луѓето имаат погрешна перцепција за мене, тоа ќе биде енергична, но не огромна свадба. Јас не сакам повеќе од 300 луѓе. Немам толку пријатели – признала Јована.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....