21:54 - 9 ноември, 2026

„Прирачник за мажи кој дава резултати“: Јована Јеремиќ најави дека ќе пишува книга

Српската водителка Јована Јеремиќ е позната по својот остар јазик, а сега проговори за машко-женските односи и изненади многумина кога најави дека ќе напише книга на оваа тема.

Јована на својот инстаграм-профил објави дека ќе напише прирачник каква жена им е потребна на мажите.

– Образованието и знаењето се моќ. Особено за жена. Жената мора да си го просветли умот и да разбере дека без независност, знаење, пари и личен статус, никогаш нема да има иднина, среќа, љубов и почит кон партнерот или кон околината. Колку повеќе ставате во вашиот ум, толку повеќе идеи добивате. Идеите и информациите владеат со планетата – напиша Јована и додаде:

– А што се однесува до мажите, еден ден ќе напишам книга за нив… Но, не онаа неупотреблива напишана од очајни жени, туку вистинска книга – Прирачник за мажи кој дава резултати во пракса. Запомнете: „На мажот не му треба жена која не може да живее без него. На мажот му треба жена без која тој не може да живее“. До следното соопштение, професорката чита (подготвува ручек).

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....