23:20 - 27 ноември, 2026

Принцот Хари во документарецот „Хари и Меган“ животот во кралското семејство го нарекува „валкана игра“: „Никој не ја знае целата вистина – ние ја знаеме целата вистина“

Принцот Хари и Меган Маркл го објавија вториот трејлер за нивната документарна серија, чија премиера ќе биде прикажана на Нетфликс на 8 декември. Во него, конкретно, синот на кралот Чарлс III го нарекува животот во кралското семејство „валкана игра“.

„Постои хиерархија во ова семејство, знаете, има протекување информации, наместени ситуации. Тоа е валкана игра“, вели принцот Хари во документарната серија посветена на неговиот живот и животот на сопругата Меган Маркл во кралското семејстви.

По неговите зборови, на екранот во трејлерот се појавува снимка на која принцезата Дијана ја бркаат фотографи.

Во трејлерот се прикажани и наслови за мајката на принцот Хари, кои тој ги коментира со зборови за „болката и страдањето на жените кои влегуваат во оваа институција преку бракот“.

На самиот почеток на видеото, принцот Хари и Меган Маркл се прикажани во автомобил, најверојатно во САД.

„Навистина е тешко да се погледне наназад на сето ова сега и да се запрашате: „Што се случи во името на сето она што е свето? – прашува внукот на кралот Чарлс III.

Видеото содржи и ретки архивски снимки од малата Лилибет. ќерка на Хари и Меган. Трејлерот завршува со изјавата на принцот:

„Никој не ја знае целата вистина – ние ја знаеме целата вистина“.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....