10:50 - 13 ноември, 2026

Славчо Попоски: Еве до кога ќе „држат“ пролетните температури!

– Во седмицата пред нас, поради изразеното јужно струење ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени, додека кон крајот на работната седмица истите во најтоплите централни и југоисточни предели се очекува да се искачат дури и малку над 15 степени. Високи ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

Времето ќе биде променливо облачно, повремено со сончеви периоди. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој од четврток повремено ќе засилува на интензитет, вели метеопрогнозерот Славчо Попски и напоменува:

Во следниот период повремено ќе има услови и за послаби локали врнежи од дожд. Во Скопје и околината продолжува променливото време, но останува релативно суво. Ќе дува јужен и југоисточен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени кон крајот на работната седмица.

Попоски заклучува дека нема на повидок вистинско зимско сценарио со спуштање на студен воздух од Арктикот, што значи за снег ќе почекаме.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....