08:13 - 12 март, 2026

ПРЕВКУСНА ЧОРБА ОД ТИКВА: Ќе ве стопли, ќе ве размази, ќе ве воодушеви!

На голема радост на сите вас – почнавме уште една прекрасна соработка со готвачка за која готвењето е уметност – Наташа Мустафа.

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ПРАЗНИЧЕН КОКТЕЛ: Празници се ближат, коктели се нижат

Љубовта за готвењето ја наследила од две прекрасни жени, извонредни во кујна, мајка ѝ Зоре и баба ѝ Рада. Со готвењето се опушта и се изразува креативно.

Оваа врвна креативка во кујна своите маестрални рецепти ги објавува на својот инстаграм-профил(natasaemil), а сега вкусните рецепти ги доближуваме и до вас!

Денес Наташа споделува со сите вас рецепт за чорба од тиква – совршена да ве стопли во зима.

Наташа ја комбинира со павлака, за побогат вкус и плус пробиотик, толку битен за силен имунитет.

инстаграм

Потаж од тиква

Време на подготовка: 45 минути

Потребни состојки:
– 700 грама тиква
– 1 страк праз
– 1 корен целер
– 3 чешниња лук
– Маслиново масло
– Сол
– Пипер
– Копар
– 4 лажици павлака

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ТАРТ ОД ТИКВА: Уживајте во мирисот на есента!

Подготовка:

Изренданата тиква, заедно со сецканиот лук се вари 20 минути во 1 литар вода. Потоа се миксира со рачен миксер за да се добие кремаста структура. На маслиново масло кратко се динста сецканиот праз и ренданиот целер, му се додава една чаша вода и се готви на тивко 15 минути. Сето ова се додава во садот со тиквата, се додава павлаката, се миксира повторно со рачен миксер, се зачинува и се остава уште еднаш да проврие.

инстаграм

На здравје!

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ПОСЕН ДЕСЕРТ СО ОВЕС И ЈАТКИ: Кога здравото значи вкусно

Слични објави

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....