05:00 - 12 март, 2026

Прекрасен начин за почеток на новата година – Виенски концерт

Интересот за овој настан е толку голем што се одржуваат три концерти со иста музичка програма изведувана од Виенската филхармонија и ист диригент.

Утринскиот новогодишен концерт на Виенската филхармонија е навистина прекрасен настан за почеток на новата година, кој традиционално се одржува од 1939. година и е нешто што ни го разубавува почетокот на новата година веќе долго време, барем откако се пренесува на телевизиите.

Концертот нетрпеливо го очекуваат дури и оние кои не се големи љубители на класичната музика и знаат да заплескаат на традиционалниот завршеток во ритамот на „Маршот Радецки“ од Јохан Штраус, кој за првпат е изведен во 1945. година, а по неколку години станува задолжителен дел од бисот и крајот на концертот.

Виенскиот новогодишен концерт се одржува во големата сала на Виенскиот Мусикфераин (Виенското музичко здружение), која е дом на Виенската филхармонија.

Прекрасните балетски точки пак, се изведуваат од Виенската државана опера и балет, а од 1980. традиционално, цвеќињата за украсување на салата ги подарува градот Санремо од Италија.

профимедиа

Интересот за овој настан е толку голем што се одржуваат три концерти со иста музичка програма изведувана од Виенската филхармонија и со ист диригент. Традиционално, првиот концерт е на 30. декември наутро, а вториот на 31. декември. Секако, најскапи се билетите за третиот концерт, кој се изведува на 1.јануари, и за овој концерт има ограничување на најмногу два билета.

Регистрацијата за билети е отворена секоја година од 2 јануари до 28 февруари. Сите учесници се информирани за исходот од ждрепката најдоцна до крајот на март.

Цената на билетите во моментот е помеѓу 35 и 1090 евра за концертот на 1.јануари, помеѓу 25 и 800 евра за новогодишниот концерт и од 20 до 495 евра за предновогодишниот концерт.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....