18:10 - 10 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ потврди дека ќе роди бебе: Ако биде женско, ќе биде бандит како мене! (ФОТО)

Сигурна сум дека во наредните две години ќе се остварам како мајка – вели Марија

Српската пејачка Марија Шерифовиќ во Новата година влегува со најголемата желба – да стане мајка. Единствената српска победничка на Евровизија изјавила дека ќе се потруди што побрзо да оформи семејство.

– Доста сериозно размислувам на таа тема. Сметам дека тоа е најголемиот животен триумф. Морам да ви признаам дека кога помислувам на тоа многу се радувам. Сигурна сум дека во наредните две години ќе се остварам како мајка – вели Марија и притоа одговорила на прашањето дали ќе оди во банка за сперма или ќе посвои бебе:

 

View this post on Instagram

 

Pa ko bi rekao da ja imam 35 godina? #NeMenjamSeRealno #BoraBez ???

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

– Најлогично е моето дете јас да го донесам на свет. Само се надевам дека нема да  биде пејач или пејачка (се смее). Што се однесува до мене, може да биде музичар, но никако изведувач. Важно ми е да биде живо, здраво и паметно. Но, сигурна сум дека подобро би се снашла со син. Од друга страна, би ми било многу интересно да имам девојче кое ќе биде мал бандит како мене. Ќе видиме што се се случи – изјавила Марија и додала дека не е заљубена.

– Не сум заљубена, ниту планирам да се заљубам. На кого му треба љубов?

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....